Узбекистанците силно мотивирани, Канаваро верува во победа над Конго

Селекторот на Узбекистан, Фабио Канаваро, се обидува да ги мотивира фудбалерите пред денешниот меч со ДР Конго во последното коло во групната фаза.
Централноазискиот тим кој е во улога на дебитант, претрпе два пораза од Колумбија и Португалија и ги загуби шансите да прогресира во наредната рунда.
„Против ДР Конго очекувам натпревар без притисок бидејќи претходно одигравме против две големи репрезентации“ – рече Канаваро кој е светски шампион со Италија од 2006 година.