Лукаку нов белгиски рекордер на Мундијалите

Репрезентативецот на Белгија, Ромелу Лукаку, дојде до историски достигнувања на мечот со Нов Зеланд. Тој го постигна шестиот гол на Мундијалите и сега е рекордер на земјата пред Марк Вилмотс кој има пет.

Напаѓачот се изедначи на првото место на листата со Јан Келеманс (4 гола + 3 асистенции), Еден Азар (3 гола + 4 асистенции) и Кевин Де Брујн (3 гола + 4 асистенции). Лукаку на возраст од 34 години и 11 месеци стана највозрасниот стрелец во репрезентацијата.

Голманот, Тибо Куртоа, стана рекордер по бројот на настапи. Тој има 18 -ет или еден повеќе од Енцо Шифо.