Ангеловски ќе го замени Зарков на клупата на Еурофарм Пелистер 2

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 во новата сезона од суперлигашкото друштво ќе има нов тренер, тоа ќе биде поранешниот македонски репрезентативец и битолска ракометна легенда, Бранислав Ангеловски.
За предводник на Еурофарм Пелистер 2, воедно и тим-менаџер, е именуван Бранко Ангеловски. Ова е своевидно враќање на Ангеловски во клубот, откако претходно беше играч на Пелистер, а до неодамна и спортски директор и тренер.
Со своето искуство и неспорен квалитет раководството на пелистерци смета дека Ангеловски е најсоодветен избор за оваа позиција.
Неговото претставување предвидено е за почетокот на подготовките на крајот од месец јули.