Златко Далиќ незадоволен од судењето на дуелот со Португалија

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, се осврна на поразот од Португалија и елиминацијата на „коцкестите“ од Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

„Ние имавме план во првото полувреме да го сочуваме нашиот гол но, блокот не требаше да биде толку ниско. Во второто полувреме создадовме многу шанси и на крајот не заслуживме ваков резултат.

Судењето беше многу лошо. Ниту еден фаул, ниту еден прекин во наша корист. Имавме прекрасни моменти но, дојде крај на една ера и време е за нов почеток“ – потенцираше Далиќ.