Омерагиќ: Сите се мотивирани за победа против КуПС

Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, се насочи на пресметките со КуПС во првото коло од елиминациите за Лигата на фудбалските шампиони.

„По подолг период Вардар е во квалификациите на ЛШ, таму и припаѓа. Што се однесува до самиот меч одиме чекор по чекор. Имавме добри подготовки. За Вардар е посебен мотив што по девет години повторно ќе настапува во Лигата на шампионите“ – изјави Омерагиќ.

„Црвено-црните“ утре од 19.00 часот ќе му бидат домаќини на КуПС во првиот меч од стартот на квалификациите за ЛШ. Реваншот ќе биде одигран во Финска на 14 јули.