Мартинез заминува, Жорж Жесус ќе биде нов селектор на Португалија

Роберто Мартинез ја напушта клупата на Португалија по елиминацијата од Светското првенство.
Нов селектор ќе биде искусниот Жорж Жесус.
Според португалскиот спортски весник A Bola, претседателот на Португалската фудбалска федерација, Педро Проенса, веќе го избрал неговиот наследник, искусниот Жорже Жезуш.
На прес-конференција, Роберто Мартинез потврди дека го напушта кормилото на португалската репрезентација, која ја водеше од јануари 2023 година, кога го наследи Фернандо Сантош по Светското првенство во Катар.
„Ова е крај на еден циклус. Сега е важно репрезентацијата да добие нов селектор и сосема е легитимно претседателот да го избере човекот во кој има доверба.
Им благодарам на сите за поддршката што ја добив“, изјави Мартинез.
Според информациите на „A Bola“, 71-годишниот Жорже Жезуш ќе ја преземе репрезентацијата во циклусот за Европското првенство 2028 и Светското првенство 2030.