Ѓоковиќ: Поради овие моменти сѐ уште играм тенис!

Новак Ѓоковиќ синоќа го одигра најдолгото четвртфинале во историјата на Вимблдон, го победи Оже-Алијасим во пет сет во меч кој траеше пет часа и 15 минути.
Српскиот тенисер беше исполнет со задоволство и среќа по мечот, вели дека поради вакви моменти уште игра тенис.
„Ова се моменти поради кои сѐ уште играм тенис. Им реков на моите деца да одат да спијат по четвртиот сет, но тие не сакаа да слушаат, среќен сум што останаа бидејќи ова беше еден од моите најдобри мечеви на овој терен во мојата кариера“, рече Ѓоковиќ по мечот.