Потврден спектаклот на полувремето од мундијалското финале

„Пејачот Џастин Бибер ќе настапи на полувремето на финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал, заедно со претходно најавените Шакира, Мадона и јужнокорејската К-поп група БТС“, соопштија вчера организаторите на натпреварувањето.

За првпат во историјата, на полувремето на финалето на Светското првенство ќе биде организиран музички спектакл кој ќе трае 11 минути. Водител и креатор на програмата е Крис Мартин од групата „Колдплеј“.

„Се очекува Шакира да настапи заедно со Бурна Бој и заедно да ја отпеат спортската химна за оваа година „Дај, дај“, пренесе ЕСПН.

Покрај Џастин Бибер Шакира, Мадона и групата БТС, на полувремето ќе настапат и венецуелскиот диригент Густаво Дудамел, хорот ПС22, составен од ученици од основното училиште на њујоршкиот Стејтен Ајленд, како и британската група „Колдплеј“.

Финалето на Светското првенство ќе се одигра на 19 јули во Њујорк.