Колина му даде за право на Летиксие за спорните моменти на мечот Аргентина – Египет

Претседателот на Судискиот комитет на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, ја коментираше работата на судиите на осминафиналниот натпревар Аргентина – Египет.
„По секој гол, „ВАР“ ја проверува напаѓачката фаза на поседување на топката. Доколку за време на нападот се открие фаул кој, според мислењето на „ВАР“, придонел за постигнување на голот, системот препорачува видео преглед.
Нема утврдени ограничувања за растојанието од голот или времето помеѓу инцидентот и голот. Секогаш ќе има елемент на субјективност во некои одлуки, но, задоволни сме од начинот на кој принципот беше применет во текот на целиот турнир“, рече Колина.