Јокиќ: Можеби ќе останам до крајот на кариерата во Денвер

Никола Јокиќ порача дека неговата желба е да ја заврши кариерата во дресот на Денвер Нагетс, но истовремено откри дека нема намера да го продолжи договорот со клубот во текот на ова лето.
„Мојата идеја е да потпишам нов договор следното лето и да останам во Денвер до крајот на кариерата. Тоа е мојата желба. Сакам целиот мој професионален пат да биде поврзан со Денвер“, изјави Јокиќ.
Според американските медиуми, српскиот центар во летото 2027 година ќе има право да потпише нов петгодишен договор вреден околу 359,5 милиони долари, што би претставувало највреден договор во историјата на НБА.
Токму затоа се очекува Јокиќ да почека уште една година пред да стави потпис на нова соработка.