Мбапе не е сериозно повреден, ќе игра во полуфиналето

Француската репрезентација со победата од 2-0 над Мароко обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство, а по натпреварот најмногу внимание привлече замената на Килијан Мбапе во самиот финиш.

Напаѓачот на Реал Мадрид повторно беше меѓу најдобрите на теренот и го постигна првиот гол за Франција, со што стигна до осмиот погодок на Мундијалот. Претходно не успеа да реализира пенал, но тоа не го спречи да остави силен впечаток.

Мбапе беше заменет поради болки во десниот зглоб, што предизвика загриженост кај францускиот табор. Сепак, самиот фудбалер по мечот порача дека ситуацијата не е сериозна.

„Добро сум, само имам мала болка во десниот зглоб. Секогаш мислам дека играчите на теренот треба да бидат на 100 проценти, затоа излегов. Матета во тој момент беше поспремен од мене“, изјави Мбапе.