Ал-Хилал и Арсенал преговараат за Мартинели

Габриел Мартинели би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, откако Ал-Хилал започна преговори со Арсенал.
Саудискиот клуб сериозно е заинтересиран за 25-годишниот крилен играч, кој веќе седум години е дел од Арсенал.
Топчиите за неговите услуги бараат околу 60 милиони евра.
Во сите натпреварувања одигра 53 натпревари, на кои постигна 11 гола и запиша седум асистенции.