Јанев стартува во првото коло, Митевска е слободна на стартот на Медитеранските игри

Македонските тенисери ги дознаа ривалите на Медитеранските игри. Прв настап ќе има Дејвис куп репрезентативецот Кристијан Јанев, кој за противник го има Андреас Тимини од Кипар. Ривалот на Јанев (18 години), е две години повозрасен од нашиот тенисер и се наоѓа на 1.472 место на АТП листата. Почетокот на мечот е во 17 часот.

Сара Митевска во првото коло е слободна.

Сепак Сара и Кристијан утре ќе го имаат и дебитантскиот во мешани двојки и ќе играат против искусната кипарска комбинација Ралука Шербан и Елефтериос Неос. Почетокот на мечот е закажан за 20:30 часот.