Астон Вила фаворит за потписот на Леао

Италијанските медиуми пишуваат дека Рафаел Леао во финишот од преодниот рок би можел да се пресели во Астон Вила.
Клубот од Бирмингем има финансиска моќ да ги задоволи барањата на Милан и да го купи Леао за 50-60 милиони евра.
Астон Вила имаше катастрофален старт на сезоната, па клубот ќе се обиде да ги поправи работите со купување на фудбалери.
Унаи Емери го идентификувал Рафаел Леао како идеално засилување за нападот со огромно искуство на највисоко ниво.
Се говори дека Астон Вила наскоро ќе достави понуда од 50 милиони евра, и се верува дека ова ќе биде доволно за „росонерите“ да дадат зелено светло.