Постои само една опција за трансфер на Енцо Фернандез во Сити

Челзи е подготвен да ја разгледа можноста Енцо Фернандез да го напушти „Стемфорд Бриџ“ и да се пресели во Манчестер Сити, но лондонскиот клуб поставил јасен услов, до затворањето на преодниот рок мора да пронајде соодветна замена за аргентинскиот репрезентативец, објави „Скај Спорт“.

Според информациите од Англија, Сити и Челси сè уште немаат започнато официјални преговори за трансферот. Дополнителна причина за шпекулациите е фактот што Фернандез не беше во составот на Челзи за натпреварот против Лутон во Лига купот.

По мечот, тренерот на „сините“ Чаби Алонсо го опиша Фернандез како „добар професионалец“, нагласувајќи дека аргентинскиот фудбалер редовно и добро тренира. За неговиот настап против Брајтон во неделниот натпревар од Премиер лигата, одлуката ќе биде донесена пред самиот натпревар.

Во меѓувреме, познатиот трансфер-инсајдер Николо Шира објави дека Фернандез сака да го напушти Челси и веќе побарал трансфер во Манчестер Сити.

Наводно, Аргентинецот веќе ги договорил личните услови со „граѓаните“, а се очекува да потпише договор до 2032 година. Во Сити веруваат дека можат да постигнат договор со Челси за трансфер вреден околу 130 милиони евра.