Колапинто останува во Формула 1 и следната сезона

Аргентимскиот возач Франко Колапинто и следната година ќе вози за тимот на Алпин во Светското првенство во Формула 1, објави тимот во сопственост на Рено.

Од Алпин претходно објавија дека во тимот ќе остане и Французинот Пјер Гасли, кој го продолжи договорот до 2028 година.

Колапинто пристигна во Алпин минатата година како резервен возач, а по шест трки го замени Австралиецот Џек Духан.

На првите 12 трки од оваа сезона, Колапинто освои 19 од вкупно 63 бодови колку што има Алпин.