Судиите признаа: Голот на Халанд не беше регуларен

Судиската организација во Премиер – лигата призна дека арбитрите погрешиле во проценката на спорната ситуација при голот за победа на Манчестер Сити против Манчестер Јунајтед.

Првично, на теренот беше досуден офсајд но, ВАР утврди дека Халанд се наоѓал во дозволена позиција. Во истата ситуација било утврдено дека Енцо Фернандез не ја допрел топката поради што проценката за офсајд станала прашање на субјективна одлука.

„Судиската организација потврдува грешка во проценката кај голот на Халанд и за тоа го информираше Манчестер Јунајтед“, стои во официјалното соопштение.