Фудбалерките до 17 години поразени од Црна Гора

Во вториот контролен натпревар одигран во Колашин, женската репрезентација до 17 години е совладана од Црна Гора со 4-3.

Домашната селекција поведе во 17. минута, а стрелец беше Тина Јанкетиќ. На пет минути пред крајот на првото полувреме Софија Велинова ја погоди сопствената мрежа, а само две минути подоцна Теодора Цебаловиќ и донесе предност на Црна Гора од 3:0. Четвртиот погодок беше дело на Софија Влаовиќ која во листата на стрелци се запиша на почетокот од второто полувреме.

Во продолжение од натпреварот репрезентацијата на Македонија постигна три погодоци.

Во 53. минута Елена Наумоска намали на 4-1, осум минути подоцна Ања Каранфиловска беше стрелец на вториот гол за нашата репрезентација, а Глорија Тодоровска во втората минута од судиското надополнување ги постави конечните 5-3.

МАКЕДОНИЈА: 12. Магдалена Иломановска, 2. Марија Климовска, 3. Стефанија Богдановска, 6. Ања Каранфиловска (8. Душица Лазаревска 71), 13. Кејла Алиоски (4. Нина Манасиева 36), 14. Софија Велинова (15. Емилија Ивковиќ 46), 9. Елена Наумовска (5. Тамара Атанасовска 64), 20. Ана Марија Велевачковска (10. Лина Мицовска 46), 18. Јана Милошевска (11. Марија Велиновска 46), 16. Симона Бошковска (7. Лана Спасовска 46), 17. Софија Величковска (19. Глорија Тодорова 46)