Вардар испрати апел до навивачите

ЕХФ го опомена Вардар поради инцидентот на натпреварот против Нант во ЛШ кога од трибините беа фрлени забранети предмети на теренот.
Од клубот преку социјалните мрежи ги предупредија навивачите дека евентуално повторување на ваков прекршок може да донесе сериозни санкции од страна на ЕХФ.
-Со секоја лоша постапка се урива токму таа слика која сакаме и се обидуваме заедно да ја изградиме а покрај тоа клубот трпи и големи финансиски казни. Затоа да го бодриме клубот достоинствено и со почит кон противникот и сите присутни во салата“ – порачаа од таборот на „црвено-црните“.