Охрид ќе биде двапати домаќин во мечевите со Спор Тото во ЕХФ Купот

Македонскиот суперлигаш ГРК Охрид ќе ги одигра двата натпревари од второто коло на ЕХФ Европскиот куп против турскиот Спор Тото СК на домашен терен.
Во договор меѓу двата клуба, и двата дуели ќе се играат во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид.
Првиот натпревар е закажан за 23 октомври, додека реваншот ќе се одигра еден ден подоцна, на 24 октомври.
Двата меча ќе започнат во 18:30 часот, а охридскиот тим кој е актуелен освојувач на ова натпреварување ќе има одлична можност пред својата публика да обезбеди пласман во следната рунда од европското натпреварување.