Отпадна Николов заради повреда пред мечот со Швајцарија

Селекторот Гоце Седлоски нема да може да смета на Бобан Николов за утрешниот натпревар против Швајцарија.

На денешната прес-конференција Седлоски потврди дека ќе биде без Николов.

„Сите играчи се подготвени, новите се супер прифатени од постарите, единствено ќе ни фали Бобан Николов кој се повреди на тренинг“, откри Гоце Седлоски.

Тој додаде и дека нема да повикува нови фудбалери за мечот против Швајцарија, но може ќе викне некои откако ќе заврши овој дуел.