Синер не е залечен, ќе го скокне и турнирот во Пекинг

Јаник Синер нема да настапи на турнирот во Пекинг, откако поради проблемите со коленото реши да го одложи своето враќање на официјалните натпревари.
Италијанскиот тенисер, кој минатата година го освои турнирот во кинеската престолнина, потврди дека сè уште не е подготвен за максимални напори.
„Сакам да испратам топли поздрави до кинеските навивачи. Морам да објавам дека оваа година нема да играм во Пекинг. Моето колено сè уште не е на нивото на кое би сакал да биде и сè уште не сум подготвен за натпревари“, порача Синер.
Првиот тенисер на АТП-листата поради истата повреда го пропушти и УС опен, а неговиот последен официјален настап беше во финалето на Вимблдон во јули.