Лоренцо Браун нов член на Хапоел Ерусалим

Лоренцо Браун ја напушти Олимпија од Милано и до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Хапоел од Ерусалим, соопшти израелскиот клуб.

Искусниот американски кошаркар со шпански пасош минатата сезона настапуваше за Олимпија во Евролигата, каде што просечно бележеше 5,8 поени, 2,7 асистенции и 1,6 скока по натпревар.

Браун има богата европска кариера, а покрај Милано настапуваше и за Црвена Звезда, Фенербахче, УНИКС, Макаби Тел Авив и Панатинаикос. Во НБА лигата беше дел од Филаделфија, Минесота, Феникс и Торонто.

Во дресот на репрезентацијата на Шпанија го освои Европското првенство во 2022 година, а по завршувањето на турнирот беше избран во идеалната петорка.