Франција ќе ја предизвика Полска во европското финале

Француската одбојкарска репрезентација, двократен олимписки шамион, се пласираше во своето прво финале на Европското првенство по пауза од 11 години, откако во полуфиналето ја совлада селекцијата на Финска со 3-1 во сетови (25-17, 18-25, 25-18, 25-15).

Предводена од извонредниот Матис Ено, Франција обезбеди пласман во своето прво европско финале од 2015 година. Во борбата за титулата ќе се соочи со актуелниот шампион Полска.

Финска, пак, ќе има можност да се бори за бронзениот медал во натпреварот против Словенија.