Јунајтед ќе заработи богатство од продажба на коцка трева

Манчестер Јунајтед веќе подолго време не е конкурентен за најголемите трофеи, но клубот е машина за правење пари, нивната последна идеја може да им донесе огромни пари.
Во продажба излегоа парчиња трева од „Олд Трафорд“. Тревата е од минатото лето кога првпат по 14 години беше заменета тревната подлога на стадионот. Клубот тогаш се сети да им го продаде теренот на фановите.
Теренот е исецкан на мали парчиња со димензија 7х7 сантиметри кои се убаво спакувани во стаклени коцкички и се продаваат во фан шопот на Јунајтед за сума од 145 евра.
Математиката вели дека коцки со димензија од 7х7 сентиметри може да се исечат вкупно 1.456.500 од терен кој е со димензии 110×68 метри колку што е „Олд Трафорд“.
Хипотетички, ако Јунајтед ги продаде сите коцки, би заработил 211.285.590 евра. Колку за споредба, замената на теренот ги чинеше околу милион и пол евра.