Димитриевски: Мора да ја подобриме одбраната!

Македонија одигра лош меч против Швајцарија и покрај тоа што Столе Димитриевски беше одличен на нашиот гол.

Во текот на натпреварот Димитриевски имаше неколку фантастични интервенции и спречи потежок пораз за нашата репрезентација.

Тој смета дека мора да ја подобриме играта во одбраната, бидејќи противниците создаваат многу шанси.

„Дефинитивно противниците имаат голем број на напади кон мојот гол. Треба да бидеме по концентрирани, пофокусирани во таа дефанзива, да се браниме подобро од тоа што се браниме бидејќи тоа беше наша карактеристика. Треба да ја подобриме дефанзивата, ако одбраната е добра, ќе биде добар и нападот“, вели Димитриевски.