Жорж Жесус без Бруно Фернандеш на гостувањето во Осло

Селекторот Жорге Жезус истакна дека нема да ризикува со настап на играчот од средниот ред.

Капитенот на Португалија, Бруно Фернандеш, може да го пропушти денешниот натпревар против Норвешка во Лигата на нации поради повреда.

Фернандеш го започна натпреварот против Велс, кој Португалија го доби со 1:0, но беше заменет во 90. минута. По дуелот, селекторот Жорге Жезус откри дека фудбалерот има проблем кој бара дополнително лекување и време за опоравување.

„Во натпреварот против Велс, Бруно го напушти теренот со комплициран проблем. Потребни му се третман и време за опоравување. Тој неодамна се врати по повредата во Манчестер Јунајтед и ми кажа дека последните три натпревари ги играл со болка која му пречела“, изјави Жезус.

Фернандеш не тренираше со остатокот од португалската репрезентација во пресрет на дуелот со Норвешка, туку работеше на опоравување во теретана.

„Веќе разговарав со него и претпочитам да не ризикувам во овој натпревар, за да биде целосно подготвен за дуелот со Данска“, додаде селекторот.

Натпреварот Норвешка – Португалија се игра денес, а евентуалното отсуство на Фернандеш би било сериозен удар за гостите во пресметката со тимот предводен од Ерлинг Халанд и Мартин Одегард.