Ван Дајк се сели од Ливерпул во Милан

Вирџил ван Дајк и натаму е еден од најважните фудбалери на Ливерпул, но иднината на искусниот дефанзивец повторно е тема на шпекулации.

Договорот на холандскиот репрезентативец со Ливерпул истекува на крајот од сезоната, а засега нема информации за договорено продолжување на соработката. Токму ова отвора можност Ван Дајк следното лето да го напушти клубот како слободен агент.

Во меѓувреме, италијанските медиуми веќе најавуваат дека искусниот Холанѓанец би можел да се пресели во Милан. Наводно сопственикот на Милан, Џери Кардинале, претходно имал јасен став околу можноста за трансфер на Ван Дајк.

Доколку Ливерпул и својот капитен не постигнат договор за продолжување, Холанѓанецот следното лето би можел слободно да избере нов клуб. Ван Дајк летово беше блиску до трансфер во Турција, но на крајот не успеа да се договори.