Муарем Муарем се врати во Башкими

Муарем Муарем сезоната ја почна како тренер на Скопје, но неодамна се раздели со клубот од Автокоманда, по што беше контактиран и договорен од странаБашкими денеска направи тренерска смена, на местото од Шбан Сулејман пристигнува познато име за фановите на кумановскиот клуб, Муарем Муарем.

Денеска Башкими најпрво ја соопшти разделбата со Сулејман, а потоа го објави враќањето на Муарем Муарем.

„Башкими со задволство може да го соопшти новиот тренер, Муарем Муарем. Продолжуваме каде што застанавме, но овојпат со посветеност, амбиција и поголеми цели. Клубот е многу среќен со враќањето на Муарем Муарем кој добро го познава клубот и тимот“, стои меѓудругото во соопштението на кумановскиот клуб.

Муарем Муарем сезоната ја почна како тренер на Скопје, но неодамна се раздели со клубот од Автокоманда, по што беше контактиран и договорен од страна на Башкими. на Башкими.