Марковиќ го објави списокот на ракометарки за ЕХФ неделата

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Игор Марковиќ, го објави скратениот список од 21 ракометарка на кои ќе смета за претстојната ЕХФ недела.
Собирот на репрезентативките е закажан за понеделник, 19 октомври 2026 година, со почеток во 12:30 часот, во хотелот „Three Corners“ во Скопје.

Македонските ракометарки со овој собир ќе ги започнат подготовките и активностите во рамките на репрезентативната пауза, во која стручниот штаб ќе има можност да работи со повиканите ракометарки и да ја подготвува селекцијата за претстојните предизвици.