Првакот на Азербејџан е противник на ЖРК Чаир во Европскиот Куп

Единствениот македонски претставник во европските купови во женска конкуренција, екипата на Чаир, го дозна противникот за третото коло од ЕХФ Европскиот Куп.

Ждрепката одлучи ривал на чаирчанки во оваа фаза да биде азербејџанскиот шампион Кур.

Тимот до оваа фаза стигна откако во претходното коло го елиминираше кипарски Апоел, со две победи на домашен терен.

Првиот натпревар ќе се одигра во Скопје на 7 или 8 ноември, додека реваншот е предвиден за 14 или 15 ноември во Баку.