ПСЖ плати превисока цена, повредата на Квича е сериозна

ПСЖ ја победи Барселона (4-2), во спектакуларно дерби во третото коло од Лигата на шампионите. Задоволството од победата на двократниот победник на елитното натпреварување, се чини, ја расипа сериозната повреда на Хвича Кваратцхелија.

Левото крило на ПСЖ и еден од најдобрите фудбалери во светот мораше да го напушти тернеот во 59-та минута.

Кваратцхелија влезе во дуел со младиот играч на Барселона, Чави Еспарт, остана да лежи на тревникот, а снимките од ситуацијата брзо се проширија низ социјалните мрежи.

Дека станува збор за сериозна пиовреда стана јасно кога членови на медицинскиот персонал на ПСЖ му притрчаа на помош. За разлика од капитенот на парискиот тим, Маркињос, кој исто така мораше да го напушти натпреварот, Кваратцхелија речиси беше изнесен од теренот.