Димитријевиќ одличен во новата победа на Арис во Еврокупот

Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар во победата на Арис над Росток на гости со убедливи 110-77.

За екипата на Арис ова беше четврти триумф сезонава, но првпат се случува во Еврокупот да дадат повеќе од 100 поени.

Димитријевиќ на теренот помина 20 минути и во нив постигна 17 поени, а одличен беше во обидите за три поени. Димитријевиќ уфрли три тројки од четири обиди, исто така додаде и четири асистенции.

Покрај македонскиот кошаркар солиден настап имаа Робинсон-Ерл со 21 и Морган со 20 поени.