Турам добива нов договор во Интер

Маркус Турам станува сè поважен играч во тимот на Интер, а раководството на италијанскиот гигант веќе размислува за продолжување на соработката со францускиот напаѓач.
Французинот уште еднаш ја покажа својата важност на дуелот со Фиорентина, кога во судиското продолжение постигна гол во 91. минута, а потоа изнуди и пенал кој Пјотр Зјелински го реализираше за конечна победа на Интер од 2-1.
Турам има договор со Интер до 2028 година, но во клубот сакаат соработката да продолжи и по истекот на актуелниот договор. Според „Тутомеркатовеб“, повикувајќи се на „Газета дело Спорт“, веќе започнале разговорите со спортскиот директор Дарио Баќин за можноста за продолжување на договорот.