Тренерска смена во Еспањол, Сарабија нов предводник на Каталонците

Шпанскиот фудбалски прволигаш Еспањол му врачи денеска отказ на тренерот Маноло Гонзалез, ден по елиминацијата во воведното коло во Купот на кралот од клуб од четвртата лига. Четириесетиседумгодишниот Гонзалес веќе беше под притисок откако Еспањол ја започна сезоната со шест порази во десет натпревари во Ла лига, оставајќи го тимот на 18. Место на табелата. Поразот од 4-3 во Купот на кралот во вторникот вечер на гостински терен против Сестао Ривера, кој се случи по продолженијата, беше последната капка што ја прелеа чашата.

„Еспањол одлучи да го заврши мандатот на Маноло Гонзалез како тренер на клубот. Двете страни се разделуваат по повеќе од три сезони и 107 официјални натпревари под негово водство – период во кој тој остави свој личен и професионален белег, како на теренот, така и надвор од него“, објави Еспањол.

Гонзалез го презеде Еспањол во март 2024 година и веднаш му донесе промоција на тимот во првата лига на шпанскиот фудбал. Неговиот наследник сè уште не е именуван, а следниот натпревар на Еспањол е на гостински терен против Виљареал овој петок.