Нов проблем за Јунајтед: Шешко го чека долга пауза

Манчестер Јунајтед се соочува со сериозен проблем во офанзивната линија, откако стана јасно дека Бенјамин Шешко ќе мора подолго време да паузира поради повреда.
Лошите вести ги потврди тренерот на англискиот гигант, Мајкл Керик, кој откри дека словенечкиот напаѓач нема наскоро да се врати на располагање на тимот. Иако засега нема прецизна временска рамка за неговото враќање, најавите не се охрабрувачки.
„За жал, изгледа дека Бен ќе биде надвор од терените одреден период. Сè уште не сме сигурни колку точно ќе трае неговото отсуство, но се работи за подолг временски период“, изјави Керик.
Ова е сериозен хендикеп за Манчестер Јунајтед, особено ако се има предвид дека Шешко е еден од играчите од кои се очекува да донесат поголема ефикасност во нападот.
Словенецот сега го очекуваат период на рехабилитација и закрепнување, а во Јунајтед ќе мора да пронајдат алтернативни решенија за најофанзивната позиција во тимот.