Навивачот кој му се закануваше на Ди Марија доби 7,5 години затвор

Серхио Габриел Ди Вани, познат под прекарот „Бебе“ и член на навивачката група на Њуелс Олд Бојс, е осуден на седум години и шест месеци затвор поради заканите упатени кон Анхел Ди Марија и неговото семејство.

Пресудата беше донесена во Аргентина, а казната е резултат на спогодба меѓу обвинителството и одбраната, која беше потврдена од судот. Ди Вани беше прогласен за одговорен за организирање на заплашувањата во март 2024 година, кога се појавија информации дека Ди Марија би можел да се врати во матичниот клуб Росарио Централ.

Заканите биле насочени кон фудбалерот и неговите најблиски со цел да се спречи неговото враќање во клубот, кој е голем ривал на Њуелс Олд Бојс. Во еден од инцидентите биле испукани куршуми во близина на куќата на семејството Ди Марија, а оставена била и заканувачка порака.

Во вториот инцидент, пред недвижносната агенција на сестрата на фудбалерот била ост