МЗТ Скопје Аеродром се раздели со тренерот Атанасов

МЗТ Скопје Аеродром и тренерот Васко Атанасов, спогодбено ја прекинаа меѓусебната соработка. Ова доаѓа откако македонскиот кошаркарски првак вчера го претрпе првиот пораз во домашното првенство на гостувањето кај Струмица.

Атанасов ја презеде тренерската палка во 2023 година и со клубот освои четири титули првак (2023, 2024, 2025, 2026), во три наврати победуваше во Купот (2024, 2025, 2026).

Името на новиот прв тренер ќе биде соопштено во текот на наредните денови. Дотогаш, со екипата ќе работат досегашните помошници на Атанасов – Дејан Србиновски и Тино Даневски. Инаку, следниот натпревар „металците“ го играат на домашен терен во првенството в недела (1.ноември) против Пелистер.