Казна од три меча неиграње за Дауман од Арсенал

Фудбалската асоцијација на Англија ја одби жалбата на „топчиите“ за црвениот картон на 16-годишниот Макс Дауман, кој ќе ги пропушти следните три домашни натпревари на клубот. Арсенал не успеа да ја оспори казната за младиот фудбалер, откако независната дисциплинска комисија ја одби жалбата на лондонскиот клуб за црвениот картон заработен на натпреварот против Флитвуд во Карабао купот.

Шеснаесетгодишниот фудбалер беше исклучен во 85. минута од средбата, по инцидентот со играчот на Флитвуд, Харисон Нил. Арсенал веднаш поднесе жалба, сметајќи дека станува збор за погрешна судиска процена и дека изречената казна е престрога. Сепак, Фудбалската асоцијација потврди дека независната комисија ги отфрлила двете барања на клубот – за поништување на црвениот картон и за намалување на суспензијата. Тоа значи дека Дауман ќе мора да паузира на следните три домашни натпревари на Арсенал.