Фенербахче пред потпис со Американецот Пауел

Турскиот Фенербахче е на чекор до ангажман на искусниот канадски центар Двајт Пауел, кој по 13 години минати во НБА лигата е подготвен за прв европски предизвик во кариерата.

Пауел во најсилната кошаркарска лига во светот настапуваше за Далас Маверикс, каде што имаше значајна улога во ротацијата на тимот.

Со Далас во 2024 година стигна и до големото финале во НБА, но не успеа да ја освои шампионската титула.

Пауел има и репрезентативно искуство на највисоко ниво. Беше дел од селекцијата на Канада која на Светското првенство во 2023 година, одржано на Филипините, го освои бронзениот медал.