Хакими даде хет-трик, ПСЖ го декласира Авр

Франускиот и европски шампион ПСЖ го декласира тимот на Авр со 5-1 во деветтото коло од Лига 1, а мечот го одбележа хет-трикот на Ашраф Хакими, кој е прв во неговата кариерата.
Домашниот тим прв постигна гол на мечот во 18. минута, но парижаните во продолжение преку Годтс и Хакими направи целосен пресврт (2-1).
Хакими беше стрелец и на стартот на вториот дел, а потоа Мајулу во 62. минута стрелаше за убедлива предност од 4-1 на ПСЖ.
Машинеријата на Луис Енрике не запре со нападите, а тоа му донесе уште еден погодок на Хакими, со кој стигна до првиот хет-трик во кариерата, а интересно е тоа што фудбалерот го заврши мечот и со две асистенции.
ПСЖ е лидер во Лига 1 со 20 бодови, по што следи Рен со 16 и Лил и Монако со по 15 поени.