Андреас Волф заминува од Кил

Голманот на германската репрезентација, Андреас Волф, би можел да ја напушти екипата на Кил и да продолжи во друг германски клуб, а според медиумите, Гумерсбах во моментов е најсериозен кандидат за неговиот потпис.

Иако има договор со Кил до 2028 година, продолжувањето на соработката не оди според очекувањата на клубот.

Раководството сака да го задржи еден од најважните играчи во тимот, но Волф наводно размислува за нов предизвик.

Волф би можел да го промени клубот уште следното лето, но во таков случај Гумерсбах ќе мора да постигне договор со Кил и да плати обесштетување за предвременото заминување на голманот.