Никола Маркоски доби дрес за спомен од репрезентацијата

Почетокот на новиот квалификации и дуелот со Луксембург беа можност за Ракометната Федерација на Македонија и навивачите да му се заблагодарат на Никола Маркоски за придонесот што долгогодишниот репрезентативец го имаше за националниот тим.
Ракометарот пред натпреварот доби специјален подарок – дрес со своето презиме од претседателот Стефанов, излегувајќи на терен со своите деца при што беше поздравен од сите репрезентативци и доби гласни овации од присутните во СЦ „Борис Трајковски“.
Никола Маркоски летово ја заврши својата богата ракометна кариера и моментно е дел од стручниот штаб во суперлигашот Мулти Есенс.