Карлос Балеба го чека долга пауза

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Карлос Балеба, мора да паузира неколку недели.
Клубот потврди дека по повредата што ја заработи на натпреварот против Рома, Балеба ќе биде надвор од теренот повеќе од еден месец и ќе пропушти најмалку четири натпревари.
Тој нема да игра против Астон Вила за време на викендот, како и на гостувањата против Ливерпул, Спортинг Лисабон и Њукасл, по паузата и домашниот натпревар со Брентфорд.
Во најдобар случај, Балеба ќе биде подготвен за дуелот со Ковентри, кој е закажан за 5 декември.
Да ве потсетиме, Балеба веќе беше повреден на почетокот на сезоната, поради што дебитираше дури на почетокот на октомври, досега одигра седум натпревари.
Освен него, сè уште се надвор од теренот се Бенјамин Сешко, Лук Шо и Маркус Рашфорд.
Манчестер Јунајтед ја пречекува Астон Вила во недела во 17:30 часот.