Закариќ јунак, Вардар го освои Кратово

Со гол на Горан Закариќ, Вардар со 1-0 го победи Силекс на негов терен и освои многу важни три бода со кои остана во игра за највисоките позиции во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Тешки и многу важни три бода за Вардар од гостувањето кај Силекс. Црвено-црните по голема борба ја остварија целта.
Мрежите мируваа во првото полувреме, а самиот почеток на вториот дел го донесе клучниот дел. Закариќ постигна гол по асистенција од Омерагиќ, Вардар поведе со 1-0.
Силекс напаѓаше да го изедначи резултатот, Вардар успеа да оддолее на нападите и на крајот се израдува на триумфот.
По 13 кола Вардар има собрано 24 бодови, се наоаѓа на четвртата позиција со пет бода помалку од новиот лидер, екипата на Струга.