Сасуоло пред разделба со тренерот Аквилани

Медиумите во Италија наведуваат дека Сасуоло по вчерашниот пораз од Рома во Серија „А“, сака да се раздели со тренерот, Алберто Аквилани.
Екипата влезе во катастрофална серија од пет последователни порази и се наоѓа на 17-то место веднаш пред зоната за испаѓање. Сасуоло има само две победи, две нерешени средби и седум порази. Згора на тоа на 11 мечеви прими дури 29 голови.
Како потенцијални наследници на 43-годишниот Аквилани се споменуваат Роберто Д’Аверка и Винченцо Монтела.