Наполи на Андреј Јакимовски добива „вајлд-карта“ на Евролигата

Италија во следната сезона ќе има четири тимови во Евролигата во кошарка, а еден од нив ќе биде Наполи, објави „Газета дело спорт“.
Според најавите од Италија, одлуката ќе биде одобрена до крајот на месецов. Инаку, Евролигата треба да се прошири од 20 на 24 клуба.
Максима Рома ќе биде вториот италијански тим со трајна лиценца за Евролигата, покрај Олимпија Милано, почнувајќи од следната сезона.
Виртус Болоња има тригодишна лиценца која истекува во 2028 година, а потоа до 2030 ќе игра со вајлд-карта.
Сигурни места имаат Реал Мадрид, Барселона, Басконија Панатинаикос, Олимпијакос, Милано, Фенербахче, Ефес, Баерн Минхен, Асвел Вилербан, Макаби Тел Авив и Жалгирис.
Сигурни се и Валенсија, Париз, Дубаи, Максима Рома, Хапоел Тел Авив и ПАОК Солун, а тригодишни вајлд-карти добиваат Партизан, Црвена Ѕвезда, Виртус Болоња и Наполи.
Две места ќе има и за најдобрите од Еврокупот. ЦСКА Москва останува под суспензија, но кога тоа ќе биде симнато, и Армејците ќе имаат гарантирано место.