Голем пех за Барса, се повреди капитенот Пантер

Капитенот на Барселона, Кевин Пантер, ќе отсуствува од терените околу шест недели поради повреда на левиот скочен зглоб.
Дополнителните прегледи покажале дека повредата е посериозна од првичните процени, според кои американскиот бек требаше да паузира околу три недели.
Барселона ќе мора да се снајде без еден од своите најважни кошаркари на најмалку шест важни натпревари во Евролигата. Пантер сигурно ќе го пропушти дуелот со Црвена Звезда на 20 ноември во Барселона, како и гостувањето кај Партизан во Белград на 11 декември.