Рајс добива нов договор во Арсенал

Медиумите во Англија, тврдат, дека Арсенал ќе ја продолжи соработката со Деклан Рајс на подолг период или за наредните пет години.

Според нив, фудбалерот кој дејствува во средината на теренот се согласил да потпише нов договор со „топчиите“ до 2031-ва.

Тој има одиграно 173 натпревари и постигнато 22 гола. Претходно, имаше најава дека Рајс ќе стане еден од најплатените играчи во клубот.