Никола Ѓорѓиев го продолжи договорот со Карловарско од Чешка

Никола Ѓоргиев и следната сезона ќе го носи дресот на Карловарско. Македонскиот одбојкар и капитен на националниот тим постигна договор за продолжување на соработката со актуелниот шампион на Чешка, каде што се наметна како еден од клучните играчи.

Ѓоргиев зад себе има успешна сезона во која остави значаен белег во играта на тимот, а особено се истакна во финалната серија против Прага.

Со продолжувањето на договорот, македонскиот репрезентативец ќе има можност и во наредната сезона да биде дел од чешкиот шампионат и да продолжи со настапите на високо натпреварувачко ниво.

За Ѓоргиев ова ќе биде 22. сезона во странство. Во богатата интернационална кариера настапуваше во Турција, Словенија, Германија, Јапонија, Полска, Франција, Италија и Србија.